Остатоците од телото, што беа пронајдени деновиве кај месноста Самовилец и припаѓаат на малата Ангела Ѓорѓиоска од мариовското село Дуње, која исчезна на 23 јули минатата година. Ова како што пренесува „Макфакс“, било утврдено во Судска медицина, каде што заврши неколкудневната ДНК анализа.

Резултатот од ДНК анализата е 99,99 отсто точен, беше речено на денешната прес конференција.

Остатоците од телото беа пронајдени пред две недели кај селото Пештани, по што веднаш беа земени примероци од родителите за споредба на ДНК профилот.

Докторите од судска медицина не можат да прецизираат кога и како настанала смртта на малата Ангела Ѓорѓиоска од мариовско Дуње, но телото на Ангела по смртта било било растргнато од животни.

„Не можам да бидам прецизен заради тоа што коските се со дефинитивни промени и врз основа на постморталните промени на малиот број на ковчиња кои што се најдени е невозможно да бидеме прецизни со точното време на умирање“ изјави професор доктор Алексеј Дума.

Тој додава дека коските биле долго време изложени на атмосферски влијанија, на сонце, дожд, снег, влијанија на животни, на инсекти.

Според Дума, по смртта телото било растргнато од животни. ДНК анализата потврдила дека татко на шестгодишната Ангела е Борче, покрај шпекулациите во јавноста дека тој и бил очув.

Со ова завршува работата на судска медицина. Анализата му се предава на истражниот судија, кој треба да го утврди текот на понатамошната постапка.

Остатоците од телото беа пронајдени пред две недели кај селото Пештани, по што веднаш беа земени примероци од родителите за споредба на ДНК профилот.

Ангела Ѓорѓиоска од мариовско Дуње исчезна на 23 јули минатата година

Ohridnews
извор: „Макфакс“