Колумбиските власти ги пронашле двете црни кутии на местото каде се урнал авионот „BАe 146“. Авионот се унал во близина на колумбискиот град Меделин, во непристапен терен, јавува „Макфакс“. Во несреќата загинаа 75 лица, 19 од нив играчи на фудбалскиот клуб Чапикоенсе и 20 новинари кои патувале со екипата на финалниот меч од Копа Судамерикана.

Повеќето странски медиуми пренесоа дека во авоинот била прогласен узбуна околу 22 часот, иако се шпекулира дека тој се урнал откако му снемало гориво.

Откако колумбиските власти ги пронашле црните кутии, некои медиуми објавија дел од последниот разговор помеѓу пилотот и контролата на летање во Меделин.

Според пишувањата на медиумите пилотите се жалеле дека авионот има проблем со моторот и спомнале дека им снемува гориво. Откако тие ја контактирале контролата на летање веднаш им било одбрено принодно слетување.

Непосредно пред слетувањето авионот се урнал.

OhridNews
извор: „Макфакс“