Потрагата по остатоците на Ербасот А 330 на „Ер Франс“ продолжи и денеска во зоната каде беше изгубен контактот со авионот кој исчезна над Атлантикот на пат од Рио де Женеиро до Париз.

Вчера спасувачките екипи пронајдоа две тела на патници и актовка во која имало билет за кобниот лет.

Во потрагата се вклучени армиски сили на САД, Франција и Бразил кои го пребаруваат океанот со специјални локатори. Во меѓувреме продолжува и истрагата за причините кои доведоа до падот на Ербасот кој непосредно пред исчезнувањето испратил автоматска порака за 24 грешки во системот на леталото.

Авионот на „Ер Франс“ превезуваше 228 патници, а според властите никој не ја преживеал несреќата.

Ohridnews