Кутија за прва помош, пронајдена во остатоците на брод потонат пред 2000 години, дала увид во лековите кои ги припремале древните лекари за лекување на морнарите од дизентерија и други заболувања. Во дрвена кутија пронајдена во остатоците на потонатиот римски брод биле пронајдени таблети направени на база на треви и билки како што се целер, лук, морков, зелка, костен и други состојки кои се опишани и во класичните медицински текстови.


Таблетите, кои биле толку добро затворени, останале целосно сочувани и покрај тоа што под вода минале повеќе од два милениуми. Покрај споменатите билки исто така содржеле и персун, настурциум, хибискус и ајдучка трева.