Тим италијански експерти неодамна пронашле докази дека пломби за заби биле правени уште во античкиот период. Тимот на чело со Федерико Бернадини од меѓународниот центар за теоретска физика од Трст користел различни техники како би докажале дека 6500 години стариот череп пронајден во Словенија има напукнат заб кој бил пломбиран со восок од пчела.
Како што пренеле медиумите, станива збор за најстарата откриена пломба. Слична, иновативна техника била применета во случајот на еден еѓипќанец чие мумифицирано тело било старо околу 2100 години. Тимот кој го предводел Ендрју Вејд од универзитетот Западно Онтарио открил дека човекот исто така имал пломби на забите.