Во италијанската општина Каприно Веронезе биле откриени остатоци од најстариот крокодил на светот, кој живеел пред 165 милиони години долж северноафриканскиот брег. Фосилот на черепот бил заробен во камен блок при вадењето во Веронезе.


Скелетот бил постар за десет милиони години од она што се претпоставувало, па тоа го прави најстариот крокодил некогаш пронајден на светот. Тоа исто така првиот крокодил од оваа врста пронајден не само во Италија, туку и во целиот стар суперконтинент Гондвана, кој некогаш го сочинувале Африка, Јужна Америка, Антарктик, Австралија и Индија.