Во фабрика за цигли во Сасекс биле пронајдени остатоци од суштество за кое се верува дека е еден од најмалите диносауруси на светот. Палеонтологот Стив Свитман изјавил дека тоа е најмалиот диносаурус кој го откриле во Европа. Фосилот во облик на птица е долг помеѓу 33 и 40 сантиметри. Бил пронајден од локалниот колекционер на фосили Дејв Бролкурст кој работел во фабриката.
Во камењата во близина на цигланата биле пронајдени и други фосили на жаби, желки, влекачи, крокодили и поголеми диносауруси. Експертите од универзитетот во Портсмут тврдат дека новооткриениот диносаурус потекнува од ерата на мезозоикот кој почнал пред околу 250 милиони години. Диносаурусот наречен “Esdaun maniraptorian”, бил месојаден. Експертите сметаат дека станува збор за возрасна единка бидејќи скелетот бил целосно формиран.