Возбудените археолози во англиското приморско гратче Лиме Регис пронашле остатоци од чудовиште кое потсетува на митот од Лох Нес. Со месеци ја решавале енигмата ложена од стотина коски кои на крајот оформиле три и пол метри долг Плесиосаурус.
Големиот влекач дивеел по морето за време на јурскиот период кога денешниот англиски канал бил плитко топло море. Имал долг врат и опашка, четири големи пераи за пливање и остри заби. Фосилните остатоци се откриени под карпа на плажата Монмаут.