Милутин Секулоски и екипата на Сараиште
Тргнуваат кон местото за нуркање
„Штета што не располагавме со повеќе финансии“ вели Секулоски. „Ќе извадевме многу повеќе. На дното има многу предмети (оружје), кубури, пушки танчици (веројатно така ги викаат заради тенката цевка) и др. Интересно е што сите се пронајдени на мало растојание. Дали некој сакал набрзина да се ослободи од нив па наеднаш ги исфрлил, не ни е познато“ додава Секулоски. Местата на кои е пронајдено оружје се фотографирани и обележани.
Пушка „даљанка“. Должина на цевката 2м и 40 цм
Историчарот од Завод и музеј Никола Целакоски вели дека можно е во иднина да има некоја поставка каде ќе бидат изложени овие интерени историски експонати, но најпрвин треба да поминат низ долготраен и скап процес на реставрација.