Во една пештера во Германија биле откриени цртежи од каменото време на кои биле прикажани голи жени во еротски пози, а за кои археолозите веруваат дека се користени за време на ритуалите за плодноста. Археолозите при управата за заштита на историските споменици на Баварија по повеќе децениските испитувања откриле примитивни цртежи во една пештера недалеку од Бамберг, на југот на Германија.
Се проценува де цртежите се стари околу 12 илјади години, што ги прави најстари уметнички дела од каменто време на територијата на Германија. Археолозите наведуваат дека цртежите содржат сематски прикази на женските тела како и неидентификувани симболи. Засега најстарите праисториски цртежи на светот, пронајдени во една пештера на југот од Франција, настанле пред повеќе од 30 илјади години.