Германската полиција соопшти дека пронашла две торби полни со муниција во близина на божикен базар и џамија во западниот дел на Берлин. Полицијата тврди дека настанот не е поврзан со терористички акт.
„Често се пронаоѓа муниција во Берлин. Некој веројатно го чистел подрумот и пронашол нешто од својот дедо“, изјави портпаролот на полицијата додавајќи дека не постои причина да се сомневаат дека станува збор за планирање терористички акт.
Во Германија има високо полициско обезбедување по минатогодишниот напад на божикен базар кога екстремист од Тунис влета со камион меѓу луѓе и усмрти 11 лица.
Претходно месецов деминери размонтираа експлозивна направа која била доставена во аптека недалеку од божикен базар во германскиот град Потсдам, во близина на Берлин.
Германскиот весник „Билд“ претходно јави и дека голема количина муниција била пронајдена во близина на местото на одржување на божикен базар во западниот дел на Берлин.
OhridNews
Макфакс