При изведувањето на градежни работи на еден пат во кинескиот град Хејуан, работниците пронашле 43 јајца од диносауруси, од кои дури 19 биле сочувани во потполност. Најголемото јајце има пречник од 17,7 сантиметри. Од почетокот на деведесеттите години во тој град се пронајдени илјадници јајца на диносауруси.
Во локалниот музеј има повеќе од 10 илјади вакви експонати. Поради тоа градот е наречен „Дом на дионсаурусите во Кина“. Музејот во Хејуан е сврстен во гинисовата книга на рекорди во 2004 година бидејќи ја поседува најголемата колекција на јајца од диносауруси. Пронајдените јајца ќе бидат испратени на анализа како би се утврдило на која врста диносауруси припаѓаат.