Британската полиција пронашла четири ретки крокодили во еден стан во Лондон, пренеле британските медиуми. Полицајците биле повикани во станот во Лондоснкиот кварт Кројдон за сосема друга причина, кога сосема случајно во една од собите ги откриле крокодилите.


Претставникот за заштита на животните изјавил дека биле многу изненадени кога ги забележале западно африканските џуџести крокодили. Тој додал дека со оглед на нивната големина не се во состојба да убијат човек, но затоа можат да нанесат сериозни повреди. Сите крокодили биле женки, од кои три биле долги 90, а една 120 сантиметри.