Припаднците на Министерството за внатрешни работи на Србија рано утринава на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград за време на прегледувањето на поштата нашле десет училишни рачни бомби.
Најдена е и училишна противпешадиска мина без експлозивно полнење, се додава во соопштението на МВР. За настанот е информирна надлежниот обвинител, а полицијата продолжува со истражување на случајот.
OhridNews