Инспекторите, вчера, во успешно реализирана акција, пронашле околу 8 килограми чиста опојна дрога Марихуана спакувана во повеќе полиетиленски кеси. Акцијата била изведена во моментот кога се состанале двете пријавени лица во близина на гаража во Охрид, сопственост на првопријавениот, а која за свои потреби ја користел второ пријавениот од Охрид.
Во текот на акцијата, едно паковање со самолеплива лента било пронајдено во патничко моторно возило марка „Пежо„ со скопски регистарски таблици, додека останатите најлон кеси, облепени со самолеплива трака биле пронајдени во гаражата.
Лицата кои веднаш биле приведени, и се добро познати на полицијата како извршители на повеќе слични кривични дела поврзани со нелегална трговија со дрога.
З.М. од Скопје условно е осуден со казна од Основниот Суд во Скопје во траење од 2 години, а условно за 4 години. Против А.И. од Охрид, до сега биле поднесени три кривични пријави за неовластен промет со наркотични дроги.