Европските астрономи издале соопштение дека откриле дури 32 нови планети кои кружат околу ѕвезди надвор од Сончевиот систем и веруваат дека нивното откривање значи дека скоро 50 проценти ѕвезди налик на сонцето имаат свои планети.
Некои од откриените планети се до пет пати поголеми од Земјата, но и од Јупитер. До овие резултати дошле благодарение на тоа што го користеле спектографот ХАРПС, прицврстен за 3,6 метри долг телескоп, поставен во Ла Шила во Чиле. Со помош на Харпс до сега се откриени 75 планети надвор од Сончевиот систем или егзо планети кои кружат околу 30 различни ѕвезди.