Поранешниот инженер за звук на Мајкл Џексон, Мајкл Дурам Принс, тврди дека на својот компјутер сочувал „20 никогаш објавувани“, но „недовршени“ песни на кралот на попот. Вели дека нема право ни да го открива називот на тие песни, ни да ги пушта. Тој работел со Мајкл од 1995 до неговата смрт во 2009 година. Објаснил дека ќе има уште албуми, но засега планираат да издаваат по неколку нови песни секои шест месеци. Вели дека има доста работа. Мајкл не ги пее рефрените на демо снимките, така да ќе треба да се најде некој кој ќе ги испее, па практично песните ќе станат дуети.

 

Додава и дека семејството на Џексон, неговите наследници и неговата дискографска куќа ќе го дадат конечниот збор. Од смртта на пејачот издадени се два постхумни албуми, “Michael” (2010) i “Xscape” (2014). Неколку месеци после смртта на Џексон, неговите наследници и дискографската куќа Сони потпишаа договор, во тоа време проценет на повеќе од 200 милиони долари, кој предвидува објавување на седум нови албуми во период од десет години.