Околу 175 килограми шверцуван кавијар бил пронајден во мртовечница во една болница во Санкт Петерсбург, соопштила локалната полиција. Полицијата открила дека мртовечницата ја користеле повеќе лица како би криеле и пакувале црн и црвен шверцуван кавијар, рекол портпаролот на полицијата Вјачеслав Штепченко.
Таа количина кавијар на пазарот може да се препродаде по цена од повеќе стотини илјади евра, наведуваат странските агенции. Собирањето кавијар од есетрата е забрането, бидејќи таа врста риба е загрозена поради прекумерното ловење.