Пронајдена е втората црна кутија на рускиот воен авион што неделата се урна во Црното море, објави денес руското министерство за одбрана. „Втората црна кутија на авионот Тупољев Ту-154 е пронајдена и извадена во среда наутро“, објави руската војска.

Пронаоѓањето на кутијата ќе овозможи да се утврди причината за несреќата во која загина 92 луѓе. Првата црна кутија беше пронајдена во вторник наутро и е во релативно добра состојба. Истражителите претходно рекоа дека најверојатни причини за падот се грешка на пилотот или технички дефект.