Остатоците од прочуената тврдина Лин Дуксил биле откриени во североисточна Ирска, 72 километри северно од Даблин. Историчарите и археолозите повеќе од 200 години се обидувале да ја лоцираат Лин Дуксил, изјавил Имон Кели од одделението за антиквитети во народниот музеј во Ирска, кој ги водел опсежните испитувања и ископувања кои резултирале со откривањето на викиншката база.
Тврдината била подигната 841 година и била викиншки трговски центар, но и база од која се воделе нападите на манастирите во Ирска. Ова откритие конечно ќе може на археолозите да им овозможи да го споредат стварното место со средновековните документи, меѓу кои и имињата на водачите на гарнизоните, заедно со обемните планови за нападите кои ги спроведувале.