Вдовицата на Нил Амстронг, првиот човек кој стапна на Месечината, случајно после неговата смрт во нивната куќа пронашла мала бела торба која космонаутот ја носел на Месечината. Тпрбата, која славниот американски астронаут никогаш не ја споменувал, содржи вистинско мало историско богатство кое сведочи за освојувањето на вселената. Американскиот Национален музеј за воздухопловство, во рамките на музејската институција Смитсонијан во Вашингтон, го потврдил на својот блог откривањето на торбата која Нил во 1969 година на понел со себе на Месечината.

 

Кустосот на музејот Алан Нидел објаснил дека колку што е познато, Нил никогаш не ги споменувал тие предмети и никој за нив не слушнал во последниве 45 години од негвото враќање од Месечината. Во торбата, која Керол Амстронг ја пронашла во еден ормар во семејната куќа во Охајо, имало камера со која е снимено спуштањето на Аполо на површината на Месечината, неколку кабли, огледало, француски клуч и разни алатки.