Табакерата која му припаѓала на капетанот на Титаник била пронајдена во куќата наедна пензионерка во Англија. Кутијата ја автентизирал аукцискиот експерт Џон Крејн кога бил замолен да процени неколку антиквитети кои се наоѓале во домот на пензионерката. Старицата изјавила дека не знаела оти табакерата, која во нејзин посед била во последниве 20 години, е во некаква врска со прочуениот патнички брод кој потонал на своето прво патување.


На кутијата јасно било истакнато логото на бродската компанија како и иницијалите на капетанот Едвар Џон Смит. Вредноста на табакерата се проценува помеѓу 10 и 20 илјади фунти, а таткото на старицата ја добил на подарок од роднина на вдовицата на Смит. Таа биланаправена од дрво и во неа можеле да се сместат 40 најфини хавански цигари. Во трагедијата на Титаник смртно настрадале 1517 лица, што е една од најголемите поморски катастрофи во историјата.