Археолозите во Египет на едно археолошко пронаоѓалиште пронашле горен дел од статуа за која се претпоставува дека му припаѓала на фараонот кој владеел во Египет пред околу 3400 години.
Статуата на Аменхотеп Трети, за кого се верува дека е дедо на познатиот фараон Тутанкамон, откриена била недалеку од гробниот храм на фараонот во Луксор. Статуата од црвен гранит го прикажува кралот со двојна круна како седи на престолот со Амон Ра, богот на сонцето.