Нова слика на славниот уметник Леонардо да Винчи, пронајдена позади еден дрвен ѕид во една приватна книжара, е изложена во музејот “Идеал“ во Тоскана. Жената на сликата потсетува на Мона Лиза, само што овој случај е полугола.
Се чини дека уметникот повеќе пати ја портретирал девицата, а во прилог на тоа оди и еден документ од 1845 година во кој пишува дека наполеоновиот вујко, кардиналот Јозеф Фех купил слика на гола Мона Лиза, дело на Леонардо Да Винчи. Стручњаците велат дека жените не се идентични, но положбата на раката и концептот на пејсаж во позадината упатува на Мона Лиза.