Британски рибари неодамна пронајдоа школка која е 10 пати поголема од нормалните единки од истата врста, а се претпоставува дека е стара околу 100 милиони години. 

Школката била снимена со магнетна резонанца и е утрврдено дека во нејзината внатрешност се наоѓа округло тело со големина на голф топче кое би можело да биде најголемиот бисер на светот.
Иако научниците се заинтригирани од сликата која ја покажал скенерот одлучиле дека школката нема да се отвора бидејќи постои голема шанса таа да се оштети.