Прексиноќа околу 20 часот телефонски во Полициската станица во  Охрид се јавила Д.Е.(1995) и пријавила дека во куќата сопственост на Ч.Ј.(1943) од Скопје, била пронајдена бомба.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Охрид, при што е констатирано дека во надворешниот ѕид од плевна лоцирана до куќата пронајдена е рачна бомба М39 и 16 куршуми 7,9мм кои најверојатно потекнуваат од II светка војна.

Бомбата е подигната од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасувањe, a полицијзата не соопшти детали за локацијата каде е регистриран случајот.

OhridNews