Камбоџа
Пред неколку дена е пронајдена 27-годишна девојка, која пред 19 години исчезнала уште како мало девојче на работ од џунглата. Цело време успеала да преживаа сама во дивината.
Се верува дека девојката е Рочом П`нгиенг, малото девојче кое исчезнало додека го тимарело биволот на раб од џунглата во зафрлената провинција Ратанакири, Камбоџа. Нејзиниот татко изјавил дека ја препознал по нејзините лузни, па ќе се подвргне на ДНК тест за да се докаже дека е негова ќерка.
Локалната полиција изјавила дека девојката е „половина човек, половина животно“ и не зборува ниту еден интелигентен јазик. Откриена е на 13-ти јануари кога жителите на селото забележале дека им е украдена храна па поставиле стапица за да го фатат крадецот. Забележале голо човечко битие кое се прикрадувало до скриениот ориз. Селаните тогаш ја фатиле.
Селскиот полицаец, Сал Лу, рекол дека је препознал девојката како своја ќерка по лузната на раката. „Кога ја здогледав, беше гола и одеше во свиена положба како мајмун…Беше коска и кожа. Се тресеше и збираше зрна ориз од на земја и ги јадеше.“
Таткото додал дека семејството сега ја посматра внимателно, бидејќи девојката ја слекла новата облека и најверојатно сака да се врати в џунгла.
V.List
С.К.