Астрономите пронајдоа планета која наликува на Земјата. Планетата се наоѓа надвор од нашиот сончев систем, а се претпоставува дека на нејзината површина би можело да има вода во течна состојба, неопходна за создавање живот каков што ние го знаеме.

Новооткриената планета се наоѓе во орбитата на послаба ѕвезда -Gliese 581,која е одалечена од Земјата 20,5 светлосни години. Планетата е откриена со помош на телескоп  поставен во Чиле.


“новата Земја“ е далеку  20,5 светслосни години

Научниците претпоставуваат дека благата  температура на планетата би можеле да значи дека постои вода во течен облик, а не се исклучува можноста и од постоење живот под водата.

Планетата како што е најавено ќе биде дополнително истражувана со специјални телескопи кои можат да ги следат биолошките процеси и на најодалечените места во универзумот.

index