Ѕвездата покрај која научниците ја пронашле досега најприфатливата егзопланета за живот се наоѓа на оддалеченост од 14 светлосни години од Земјата. Во вселенски термин, тоа е во соседство.Тоа е една од егзопланетите со најголем потенцијал за населивост што човештвото досега ја има пронајдено. Станува збор за езгопланета наречена Wolf1061c што се наоѓа во совршена положба внатре во таканаречената „златна зона“ околу ѕвездата , во која шансата планетата да има вода во течна состојба е најголема.

Планетата е четири пати поголема од Земјата и има токму таква површина, за каква научниците сметаат дека би била нужна за развој на животот, пренесува Индепендент. „Тоа е посебно интересно откритие и заради тоа што сите три откриени планети имаат доволно ниска маса да можат да бидат потенцијално карпести и да имаат тврда површина, а планетата во средина,Wolf1061c,се наоѓа во „златната зона“,каде што е можно да има течна вода,а можеби дури и живот“,вели др. Данкан Рајт, автор на студијата што се занимава со проучување на наведената планета и системот во кој се наоѓа.

Астрономите сега би можеле да бидат во можност да ја видат и самата планета, што би овозможило проучување на нејзината атмосфера и истражување на можноста дали може да биде погодна за живот. Тимот научници откри дека наведените три планети орбитираат околу стабилна, но нешто постудена ѕвезда од нашето Сонце.

До откритието дошле користејќи го ХАРПС  спектографот, што е дел од 3,6 метарскиот телескоп на Европската јужна опсерваторија во Чиле.

OhridNews