Британските научници откриле пилула која би можела да им помогне на сите кои сакаат да се ослободат од сеќавањата на трауматичните настани. Истражувачите од универзитетот во Ланкастер откриле пилула со која можат да се заборават лошите сеќавања, како што се сообраќајните несреќи или некои видови фобии. Да би ја направиле оваа пилула научниците морале да откријат на кој начин човечкиот мозок се носи со стресот.


Истражувањето било спроведено врз глувци во чии мозоци со генетски инженеринг било оневозможено стварање на протеинот липокалин 2. Се покажало дека тие глувци имаат појака реакција на стрес отколку оние кај кои количината на тој протеин е на нормално ниво. Сепак, научниците тврдат дека се потребни уште истражувања како би се потврдило дека подигнувањето на нивото на липокалин 2 навистина помага во борбата со лошите спомени.