Жолтиот влакнест пајак бил откриен во Малезија од германскиот стручњак Петер Јегер. Во последните десет години открил околу 200 нови видови, а на последниот сакал да му посвети поголемо внимание па го нарекол по пејачот Дејвид Боуви.


Славниот пејач за сега не го коментирал откривањето на својот имењак. Боуви во 1972 година издал албум под наслов “The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars”, а турнејата од 1987 година му се викала „Стаклен пајак“.