Германски научници тврдат дека длабоко во Атлантикот ја пронашле најжешката вода на Земјата.
„Станува збор за вода, но не онаква како што ја познаваме ние“, изјавиле од тимот на научници.
Три километри под површината на океанот има „оџаци“ од сулфид, спој на метал и сулфур, кои испуштаат вода со температура повисока од 400 степени целзиусови.
Таа вода всушност е мешавина од течност и гас и се вбројува во таканаречени посебни флуиди, кои научниците успеале да ги произведат само во лабараториски услови.
Научниците со пронаоѓањето на најжешката вода се надеваат дека ќе можат подобро да ги проучат состојките и минералите кои се наоѓаат во внатрешноста на земјата.