Оваа резбарија во коска на мамут е сигурно најстариот приказ на човек, потврдиле научниците. Искривената фигура долга шест сантиметри која прикажува жена со големи гради, голем задник и прекумерни гениталии се верува дека е стара околу 35 илјади години.


Оваа фигура е последната во низата откритија од пештерата Хеле Фелс во Германија. Во таа пештера пронајдени се и резбарии на животни и предмет кој потсетува на сексуална играчка. На венерата и недостасуваат главата како и левото рамо и рака но истражувачите се надеваат дека ќе бидат пронајдени во понатамошните ископувања.