Експерти за ликовна уметност ја открија најстарата слика во светот, на која се појавува часовник. Музејот на науката во Лондон анализира 450-годишен портрет за кој се смета дека е на Козимо Први де Медичи, војвода од Фиренца, кој држи златен часовник.
Уредници ги испратиле нивните наоди на експерти за ренесансата во галеријата Уфици во Фиренца и ги очекуваат нивните забелешки. Сликата била прикажана во музеј-галеријата Мисуриг Тајм. Првите часовници се појавуваат веднаш по 1500-та година во Германија и часовникарите сметале дека била насликана од ренесансниот мајстор Масо да Сан Фриано околу 1560 година и дека може да е најстарата, со прикажан вистински часовник.
Се смета дека часовникот е од Јужна Германија, објави кураторот на Научниот музеј Роб Скитмор. “Бидејќи Козимо бил голем покровител на науката и технологијата, многу е веројатно дека имал таков часовник, кој гордо го покажува. Сликата покажува тесна поврзаност помеѓу науката и уметноста, особено во ова време”, додава Скитмор.
Ф.К.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com