Пловејќи по Северното Море рибарскиот брод “Capiuousom” пронашол шише во кое имало порака стара 98 години, што е за пет години постара од досегашниот рекорд.

Шишето со разгледница и порака која гласела “Tој што ќе го пронајде ќе добие награда од 6 пени” било пуштено во морето 1914 година од страна на капетанот ЦХ Браун од Морнарското училиште во Глазгов.
Капетанот на бродот шишето го здогледал додека со своите колеги ја ваделе мрежата, а успеал да го дофати само момент пред да го однесат брановите. Тој изјавил дека е пресреќен посебно откако увидел дека ова шише плутало 98 години што е нов светски рекорд.