Група астрофизичари од Тексас тврдат дека со помош на Кеплер телескопот во оддалечена галаксија пронашле месечина на која можеби има живот. Имено, пред неколку месеци била пронајдена планета која има две сонца, што предизвикало огромно воодушевување меѓу научниците. Но, сега научниците откриле дека таа планета има и месечина на која можеби има живот.

Месечината Кеплер 16b, како што била наречена, имала маса и големина слична на Сатурн, а обете сонца ја заобиколувале за 229 дена на оддалеченост од 104,6 милиони километри. На месечината се наоѓале бројни гасови кои ги има и во нашата атмосфера, па поради тоа научниците сметаат дека на Kepler 16b можеби постојат живи организми.