Израелските археолози пронашле 1400 години стара кутија, која најверојатно му припаѓала на некој Христијанин, во една неодамна ископана улица во Ерусалим. Кутијата направена од коски од крава, коњ или камила, има крст на поклопецот и е со димензии 2 на 1,5 сантиметри. Археолозите веруваат дека кутијата му припаѓала на Христијанин кој живеел на крајот на шестиот век. Во кутијата се наоѓале остатоци од два портрети направени од златни листови и бои кои и денес се препознаваат.


Фигурите на маж и жена најверојатно се Христијански светци, а можно е да станува збор за Исус и Богородица, изјавила одговорината за ископувањето. Кутијата била пронајдена во близина на Стариот град. Била важна бидејќи го нудела првиот археолошки доказ за употребата на иконите за време на византискиот период на градот, кој не бил ограничен на црквени церемонии. Дел од слична кутија бил пронајден пред 30 години во Јордан, но кутијата од Ерусалим била единствениот добро сочуван примерок кој досега бил пронајден. Слични икони и денес носат некои христијански верници, посебно припадниците на Православната Црква.