Пронајдена е втората црна кутија од авионот на германската компанија „Germanwings“ што се урна на француските Алпи, јави AFP, повикувајќи се на обвинителството на Марсеј.
Кутијата ги содржи параметрите на леталото, што се урна на 24 март и предизвика загинување на 150 луѓе.
По анализата на податоците од првата црна кутија, копилотот Андреа Лубитц беше осомничен за намерно уривање на авионот.
OhridNews
извор Макфакс