Животно, кое најверојатно припаѓа на видот медузи (Cyanea Capillata), пронајдено е во морето недалеку од `ртот Гибралтар. Џиновската медуза се заплеткала во мрежите на тројца локални рибари, а по извлекувањето од морето сеуште била жива, но тешко повредена.
Рибарите наведуваат дека никогаш не виделе толку голема медуза, за која подоцна се утврдило дека има дури 20 кг. Медузата не се вбројува во опасните видови, а често може да се пронајде во водите околу Гибралтар во есенските месеци.