Дејвид Гилмур, гитаристот и пејач на легендарната група “Pink Flojd”, бил принуден заедно со своето семејство да се евакуира од куќата за одмор во Сасекс, откако во нејзиниот двор била пронајдена бомба од втората светска војна.

Како што пренеле медиумите, бомбата од германско производство, ја пронашле работниците кои работеле на реновирањето на вилата на музичарот. Сопругата на Дејвид, Поли Самсон на својот твитер напишала дека пронашле бомба под нивната куќа за која мислеле дека е стара цевка. Подоцна додала дека пронајдената бомба била без осигурач.