Кинеските научници се на прагот на изум кој благодарение на екстрактот од едно дрво би им овозможил на оние кои не можат без алкохол да го пијат во големи количини без никакви последици. Кинеските научници тврдат дека откриле природна супстанција која луѓето ќе ги одржи трезни без оглед на внесената количина алкохол. Покрај тоа оваа супстанција го неутрализирала мамурлукот и би можела да им помогне на алкохоличарите во борбата против оваа зависност, од која годишно умираат голем број луѓе ширум светот.

Според податоците на Светската здравствена организација, дури 2,5 милиони луѓе годишно умираат од последици предизвикани од преголема употреба на алкохол, а лекот за оваа зависност можеби се крие во дрвото со латинско име Hoenia dulcis. Екстрактот од ова дрво во кинеската народна медицина се користел веќе повеќе од 500 години за лечење на мамурлук, благодарение на компонентата дихидромицетин, која ја блокира интоксикацијата.