Јапонските научници изолираа бактерија која ја разложува пластиката и ја користи како извор на енергоја, што претставува начин за безбедно уништување на отпадот ширум светот, објави американското списание „Наука“. Новооткриената бактерија практично ја „јаде“ пластиката, корстејќи два ензима со кои го хидролизира материјалот кој најчесто се користи за производство на амбалажа за храна и пијалоци и после тој процес остава две, природно нештетни супстанции.

 

Ова откритие би можело да биде добра вест за заштита на животната средина, оценува Си Ен Ен, наведувајќи го податокот на Светскиот економски форум, кој вели дека една третина од амбалажата во светот завршува во природата за која е многу штетна. Анализата на светскиот економски форум покажува дека само 14 проценти од пластичната амбалажа се рециклира, како и дека во светските мориња, доколку продолжи овој тренд, до 2050 година ќе има повеќе пластичен отпад околку риба.