Едно младенче на ајкула пронајдено во калифорнискиот залив го оставило мексиканскиот рибар Енрике Луцер без здив. Имено, тој во утробата на женката која ја уловил пронашол девет нормални младенчиња, и едно со само едно око.
Тој многу брзо фотографиите од необичниот улов ги поставил на фејбук, па меѓу останатите, ги виделе и научниците кои се занимаваат со вакви и слични појави. Инаку, вакви младенчиња биле пронаоѓани и претходно, но речиси секогаш во утробата на мајката, па научните востановиле дека овие мали суштества и не можат долго да преживеат во надворешниот свет.