Овошна торта стара над 100 години била неодамна пронајдена од страна на конзерватори на Антартик. 

Новозеландскиот фонд за Антартичко наследство откри ‘рѓосана железна кутија во Кејп Адаре во која се наоѓала тортата која е најмалку 106 години стара.  

Конзерваторите велат дека кутијата била во лоша состојба, но хартиената обвивка била речиси неоштетена и тортата изгледала и мирисала како да може да се јаде. 

„На само две недели до завршувањето на конзервацијата на артефакти од Кејп Адаре, пронаоѓањето на толку добро зачувана овошна торта во последните неидентификувани и корозирани метални кутии беше изненадување.“ – изјавуваат од фондот. 

Од фондот велат дека тортата која била направена од страна на британската компанија „Хунтлеѕ анд Палмерс“, била омилен десерт на Роберт Фалкон Скот и најверојатно датира од неговата Тера Нова експедиција која траела од 1910 до 1913 година. 

„Таа е идеална храна за енергија во антартички услови и се’ уште е еден од омилените десерти за вакви експедиции.“- додаваат од фондот. 

Иако тортата го преживеала векот добро, многу работа била потребна за третирање на кутијата. 

А.М.