Женски труп во неделата вечерта  околу 20 ч. бил пронајден во водите на Охридското Езеро во близизина на пристаништето наспроти Центарот за култура. Истрагата утврдила дека се работи за Павлина Несторова родена 1946 година, која живеела во невенчан брак со Димитрија Јованоски кој го идентификувал телото.
 
Како што дознаваме, Јованоски во изјавата што ја дал во полиција рекол дека Павлина подолго време била  нервно растроена  и ја мачела депресија. Утрото во неделата во 8:10 ч. невенчаниот сопруг го пријавил исчезнувањето на Павлина, која синоќа е пронајдена мртва во Охридското Езеро.
 
Увид на лице место извршиле истражен судија, крим полицијата и лекар. На трелото на починатата немало траги од насилство, а според првичните сознанија од истрагата, неофицијално се претпоставува дека се работи за смрт со давење.

Истражниот судија дал налог врз телото да биде извршена обдукција за да се утврдат причините за смртта на Павлина Несторова.