– Нешто по 11 часот водата исфрли тело тука на плажата „Галеб“, но изгледа дека тоа подолго време било во Езерото, а дали е дојдено од длабочина или поблиску не знам. – ни изјави очевидец на немилиот настан.
На местото на несреќата увид извршија eкипи на струшката полиција и истражен судија, кој издал наредба врз телото на починатата да биде извршена обдукција. Според првичните прегледи што ги извршила екипа на итната медицинска помош, на телото не биле забележани траги на насилство.
На истото место во септември во трагичен настан животот го загубија тројца угледни граѓани на Струга.