Во манастирот Света Урсула во Фиренца, археолозите ископале скелет на жена за која се верува дека и припаѓа на моделот на познатата слика на Да Винчи, Мона Лиза. Во потрагата по остатоците на Мона Лиза археолозите од универзитетот во Болоња пронашле скелет кој би можел да и припаѓа на мистериозната жена.
Меѓутоа, потребни се повеќе истражувања како би се утврдиле дали скелетот е женски, а посебно да се провери дали живеел и умрел во исто време како и Лиза Џерардини, моделот на сликата. Археолозите извлекле ДНК од скелетот и ќе го споредат со остатоците од децата на Лиза, кои биле погребани во посебен гроб. Научниците се надеваат дека ќе успеат да го реконструираат нејзиното лице и да го споредат со она на сликата.