Скелет од бебе диносаурус бил пронајден во Канада, а остатоците биле во зачувани во толкава мера што научниците успеале да утврдат од што страдало младенчето. Малиот диносаурус во моментот на смртта бил стар околу три години и долг метар и половина, а на основа на пронајдените остатоци, на кои биле сочувани и делови од кожата, реконструирана е и неговата смрт.
Научниците сметаат дека младенчето се удавило во реката Алберта, во чии води случајно паднало, пред 70 милиони години. Овој фосил е најмал недопрен скелет пронајден досега, од групата рогати трвопасни диносауруси, познати како сератопсиди, во кои спаѓа и познатиот Трисераптос.