Целиот плен украден од продавницата за скапоцен накит „Cartier” во саботата во Монако, чија вредност би можела да достигне повеќе милиони евра, е пронајден вчера, информира државниот обвинител на Монако.
Четири лица се приведени, двајца крадци, еден соучесник задолжен за возење на претходно украден автомобил и четврт, чија улога не е утврдена. Судијата рече дека во кражбата биле вмешани млади лица од околината на Кан.
OhridNews
извор Макфакс