Двајца ловци на богатство тврдат дека во длабочините на езерото Мичиген ги пронашле остатоците на брод од 17 век на кој се наоѓало злато во вредност од два милиони долари. Станува збор за бродот Грифин кој во 1679 година го изградил францускиот истражувач Рене-Роберт Кавалиер, но истата година потонал во езерото Мичиген. Двајца ловци на богатство, Кевин Дикстра и Фредерик Монро, пронашле остатоци на дното не езерото трагајќи по златото, кое според легендата се наоѓало на Грифин. Нурнале во длабочините на езерото, а гледајќи ја снимката заклучиле дека тоа навистина би можел да биде Грифин.

 

Друго експерти, меѓутоа, не се толку убедени и сметаат дека остатоците на дното на езерото би можеле да бидат од некој друг брод кој потонал подоцна. Имено, во езерото се пронајдени остатоци од дури 1500 различни бродови и од време на време се наоѓа по некој кој тврди дека го пронашол токму Грифин, кој со себе го носел највредниот товар, онов во злато, па затоа е и најпримамлив за истражувачите. Но, овој пат ловците на богатство пронашле и дел од брод за кој велат дека би можел да биде Грифон или Грифин, митско суштество со тело на лав и глава на орел кој се наоѓал на предната страна на бродот.